Генерален штрајк во Португалија
22 март 2012Најголемиот синдикат во Португалија - ЦГТП, кој настапува во име на околу 600.000 работници, ги организира маршевите, чии слогани се од типот „Окупирај ги улиците, блокирај се‘“. Протестот е насочен против реформите на пазарот на работна сила, кои произлегуваат од мерките за штедење. Пакетот мерки за штедење беше неопходен за Португалија да добие 78 милијарди евра меѓународна финансиска помош. Синдикатот критикува дека реформите ќе донесат кратење на работни места, дека работничките права ќе страдаат и дека животниот стандард на граѓаните е загрозен. Штрајкот ќе трае 24 часа.
Португалија, инаку, веќе се споменува како следен кандидат за натамошна финансиска помош. Владата смета дека економијата годинава ќе забележи пад од 3,3 проценти. Стапката на невработеност во земјата изнесува над 14 проценти.