1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Гаук во помирувачка посета во Франција

ЖА/дв/дпа/афп 4 септември 2013

Јоахим Гаук е прв германски претседател кој го посети француското село Орадур-Сур-Глан. Во него воените СС-единици во 1944. година убиле над 600 цивили. Посетата на Гаук се толкува како гест на помирување.

https://p.dw.com/p/19brB
Фотографија: Reuters

Германскиот претседател Јоахим Гаук, кој е во тридневна посета на Франција, е придружуван од својот француски колега по функција, Франсоа Оланд.

„Се радувам за можноста да ја направам оваа посета“, изјави Јоахим Гаук, истакнувајќи-посетата на Орадур-Сур-Гале ја смета за „емоционална кулминација“ за време на неговиот тридневен престој во земјата. Гаук подвлекува-тој патува во Орадур-Сур-Гале „со понизност и со целосна свест - тој претставува една поинаква Германија“.

Поим за нацистички злосторства

Орадур во Франција претставува поим за нацистичките грозотии. Жителите на малото место со децении одбиваа секаков официјален контакт со Германија. Со својата посета Гаук ќе се сретна и со последниот преживеан од масакрот на СС-единиците, денес 86-годишниот Роберт Ебрас. Во пресрет на посетата на Гаук, Ебрас ја оцени за исклучително значајна, истакнувајќи: „Треба да се помириме со германскиот народ“. Посетата е „логична последица на изградбата на Европа“ и доаѓа во вистинско време: „Пред 50 до 60 години не би помислил дека еден германски претседател може да дојде во Орадур“, вели Ебрас, кој во масакрот ја загубил својата мајка и двете сестри.

Ruinen von Oradour-sur-Glane
Во Орадур времето стои - автентичен изглед како пред деценииФотографија: picture-alliance/dpa

На 10. јуни 1944. година германските војници во селото свирепо и ладнокрвно убиле 642 луѓе, меѓу кои 452 жени и деца. Само Ебрас, тогаш на 18-годишна возраст,четири други мажи и една жена го преживеале масакрот. Орадур изгледа автентично, исто како и на крајот на војната во 1945-година. Генералот Шарл де Гол се погрижил местото да се зачува како национален споменик.

На исто ниво со гестот на помирување во Вердун

Во Франција на посетата на Гаук во Орадур и‘ се придава исклучително значење. Таа се става во ист ранг со гестот на помирување од Вердун, при кој во 1984 година се сретнаа тогашниот француски претседател Франсоа Митеран и поранешниот германски канцелар Хелмут Кол.

Frankreich Überlebender Robert Hébras besucht Ruinen Oradour-sur-Glane
Роберт Ебрас, единствениот преживеан од масакрот во ОрадурФотографија: Jean-Pierre Muller/AFP/Getty Images

Гаук вчера во Париз беше пречекан со сите воени почести. Во Елисејската палата германскиот претседател разговараше со шефот на француската држава Франсоа Оланд. Централан тема притоа беше ситуацијата во Сирија. „Употребата на отровен гас е недозволливо кршење на едно табу“, истакна Јоахим Гаук. Но, за разлика од Франција, германската влада не може да учествува во воена интервенција против Сирија и „од историски причини“.

На крајот на посетата на Франција, Гаук утре ќе отпатува во Марсеј, европска културна престолнина во 2013 година. Германскиот претседател е придружуван од својата животна сопатничка Даниела Шад. Посетата на Гаук на Франција има уште поголемо значење зашто оваа година се одбележува 50-годишнината од Елисејскиот договор. Со него двете европски земји, кои во Втората светска војна стоеја една наспроти друга како противници, во 1963. година го запечатија своето пријателство.