1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Галилео-европска гордост

Тони Гламчевски28 декември 2005

Европскиот проект конечно станува реалност, првиот сателит од вкупно 30 колку што ќе има европскиот систем за сателитска навигација Галилео е лансиран во орбитата

https://p.dw.com/p/AcAG
Старт на тест -сателитот
Старт на тест -сателитотФотографија: dpa

Европскиот систем за сателитска навигација - „Галилео“ е идниот конкурент на актуелниот американскиот Глобален систем за позиционирање - ГПС и на рускиот Глобален сателитски систем за навигација - ГЛОНАСС.

- Галилео ќе биде најдобриот систем за сателитска навигација во светот. Тој чувствително е супериорен од американскиот систем ГПС, кога се споредуваат перформансите, со гордост објаснува Бенедикто Жавиер, раководителот на проектот „Галилео“ при Европската вселенска агнеција.

- Причината е многу едноставна. Системот ГПС е втемелен врз една денес застарена технологија, додека Галилео се потпира врз најновите технологии. Системот Галилео ќе емитува десет сигнали до корисниците, што дозволува повеќе примени, нагласува Бенедикто Жавиер.

„Џиов А“ е првиот од двата „демонстративни“ сателити, кои ќе треба да дозволат тестирање во реални услови на технологиите кои ќе бидат користени од идниот европски ситем за позиционирање „Галилео“. Како на пример атомскиот часовник, кој за 5000 години би се поместил за само половина секунда.

Името, „Џиов“ на првиот сателит тежок 602 килограми и лансиран од руската ракета „Сојуз-Фрегата“ од космодромот во Бајкунур во Казахстан не е случајно избрано. Џиов е италијанското име за планетата Јупитер, чии сателити ги откри Галилео, чие име го носи проектот. Следниот сателит Џиов Б ќе биде лансиран во пролетта 2006, следните четири во 2008 и тие ќе бидат јадрото на соѕвездието од 30 сателити, кои ќе бидат ставени во орбитата околу земјата на височина од околу 23 000 до 24 000 километри. Со Галилео ќе може да се одреди позиција на секој предмет на било кое место на земјата со прецизност од околу еден метар.

Имено тој ќе биде единствен сателистски сисетем за навигација под цивилна контрола, американскиот и рускиот се под воена и во случај на криза не се гарантирани нивните услуги.

- Галилео е пред се политички проект, бидејќи и дозволува на Европа да има свој сопствен сателистски систем за навигација. Односно да биде независна од САД, објаснува Франсоа Ламуро генерален директор на дирекцијата за енергија и транспорт на Европската Комисија.

- Тоа е индустриски проект, бидејќи и дозволува на Европа да биди присутна во вселената со лансирање на 30 сателити. И пред се тоа е голем комерцијален проект, бидејќи „Галилео“ ќе го промени животот на секој, тој ќе отвори еден пазар од десетина милијарди евра со конкретна примена во авионскиот, поморскиот и автомобилскиот транспорт, енергетиката, агрикултурата, односно во нашиот секојдневен живот.

Во Брисел се проценува дека проектот „Галилео“ во Европа треба да создаде околу 150 000 високо квалификувани работни места и навигациска независноста.

Проектот „Галилео“ е и со големи меѓународни влогови бидејќи во него се вклучени и други големи земји, како Кина, Индија, Бразил, Израел, кои се асоцирани во развојот на европскиот систем, вели Франсоа Ламуро. „Галилео“ е и премиерен проект за Европската Унија

- Се досега, се работеше на меѓувладини проекти на пет-шест земји, во овој проект се вклучени сите 25 земји членки на ЕУ. Тие го финансираа неговиот развој и преку Европската комисија ќе имаат политичка и безбедносна контрола. Тој е модел за идните големи европски индустриски проекти, како на пример интероперативноста на железничките мрежи, научните испитувања околу нуклеарниот отпад итн.

Системот ќе биде оперативен во 2010 година.