1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Гадафи уапсен во Сирт

20 октомври 2011

Арапската ТВ станица, повикувајќи се на претставник на Преодниот совет, јавува дека поранешниот властодржец Моамер ел Гадафи им паднал во рацете на новите либиски власти.

https://p.dw.com/p/12vqV
На крајот сепак не помогнаа ни женските бодигарди: полковникот Моамер ел ГадафиФотографија: AP

Гадафи бил откриен во завршницата на борбите што се недели се водат околу неговиот роден град Сирт. Денеска востаниците дефинитивно го скршија отпорот на силите лојални на Гадафи и го ослободија градот, при што колона возила се обидела да го напушти. Во престрелката „лидерот на револуцијата“, полковникот Моамер ел Гадафи бил ранет во нозете. Засега нема потврда од независен извор на информациите за апсењето на Гадафи. Доколку бидат потврдени, тогаш со неговото апсење и паѓањето на последниот град што пружаше отпор, дефинитивно ќе биде завршена ерата на Гадафи во Либија.

Во борбите околу Сирт загинал и поранешниот министер за одбрана на Гадафи, Абу Бакер Јунис Џабир, соопшти лекарски извор.

Автор: ГЧ/дпа/афп

Редактор: Жана Ацеска