1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Врв на шарм-офанзивата

24 февруари 2005

На извесен начин сето беше малку чудна “шарм-офанзива“ на американскиот претседател Џорџ Буш на Мајнц, ако се имаат предвид екстремните безбедносни мерки пред се насочени кон тоа публиката да се задржи на голема дистанца. Во секој случај од одушевувањето од посетите на поранешните американски претседатели, пред се во тогаш поделениот Берлин, оваа посета беше со миљи далеку.

https://p.dw.com/p/AcH1
Разликите надминати, пријателството обновено: Шредер и Буш во Мајнц
Разликите надминати, пријателството обновено: Шредер и Буш во МајнцФотографија: AP

Меѓутоа, Буш не сакаше да освои нови пријатели меѓу греманскиот народ, туку заедно со канцеларот Герхард Шредер да најави нов почеток на билатералните односи. Тоа беше направено со голема сериозност и убедливост.

Се случи зенитот на американската шарм-офанзива. При посетата на Мајнц претседателот Буш не пропушти ниту една можност да го истакне длабокото пријателство со Германија. Тој подвлече дека сосема свесно било решено Европа да биде избрана ккао прва цел за патување на неговиот втор мандат. Европа е најблискиот сојузник на САД, а за Европа да може да биде посилен и повитален партнер, мора и Германија да биде силна и витална. Затоа односите со Германија се важни за САД. Посетата на Мајнц е од исклучително значење, изјави Буш:

“Делиме исти цели. Наша заедничка цел се мирот и мирен свет. Затоа е Германија партнер во мирот и партнер во слободата, партнер кој исполнува зедничка обврска“.

Шредер и Буш околу еден час разговараа за политиката – толку им остана во строгата програма меѓу воените почести, ручекот и посетата на музејот. Па, сепак се разговараше за сите важни теми, рече канцеларот Шредер:

“Ние не сакаме да премолчиме дека во минатото имаше различни мислења, но тоа е минато. Имаме заеднички интерес за стабилен и демократски Ирак“.

Германија и натаму ќе обучува ирачки војници и полицајци, но само надвор од земјата. Буш се заблагодри за тоа и подвлече дека го радува германскиот ангажман. Кога станува збор за иранската атомска програма, тој покажа готовност за преговори:

“Реков дека и натаму се отворени сите опции, тоа е нашата позиција. Потсетувам дека дипломатијата само што започна. Иран не е Ирак“.

Важно е САД и Европа кон Иран да настапуваат со еден глас. Сите имаат заедничка цел: Иран да се убеди да се откаже од нуклеарните амбиции. Заедничка цел е и заштитатат на климата иако постојат разлики во мислењата. Сепак во иднина ќе се соработува:

“Нашата цврста желба е соработката на ова подрачје, независно од прашањето дали Кјото-протоколот е соодветен иснтрумент или не. Мислам дека тоа е напредок што не треба да се потцени“.

Потоа следуваше ручек на кој присуствуваа повеќе од 100 претставници од политиката и стопанството. Присуствуваше и претседателката на ЦДУ Ангелкла Меркел:

“Имам впечаток дека трансатлантските односи сега вистински влегуваат во нова фаза и дека во светот има многу проекти за надминување што Европа и Америка заеднички треба да ги совладаат“.

Потоа Буш ги посети и американските војници во Визбаден каде што им се заблагодари за нивниот ангажман во Ирак:

“Вашиот успех испрати јасна порака низ целиот Среден исток дека само голема сила е доволна да ги запре тиранијата и тероризмот и да ги замени со надеж за слобода“.

Посетата на претседателот Буш се одвиваше под исклучителни мерки за безбедност. Центарот на градот практично беше затворен. Во акција беа десет илјади полицајци. Жителите за време на посетата не смееја да ги напуштат своите домови. На маргините на посетата, протестираа околу 12 илјади луѓе против посетата на Буш и против германско-американското пријателство:

"Тој се залага за неправедни агресивни војни, ги намалува граѓанските права, се залага за мачења, за намалување на социјалата, за екстремно неправедна трговија. Џорџ Буш го претставува сето она што ние го одбиваме“, ги наведе еден демонстрант причините за протестниот собир.