1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Враќање во иднината

Херман Краузе17 септември 2007

Никој не верува дека Владимир Путин по истекот на неговиот мандат напролет ќе си замине од актуелната политичка сцена, и ќе се посвети на пишување мемоари.

https://p.dw.com/p/BgaI
Владимир ПутинФотографија: AP

Шпекулациите околу иднината на Владимир Путин повторно добија нов замав. Путин наводно пред мал круг новинари рекол дека не исклучува – во 2012 година повторно да се кандидира за функцијата претседател на земјата. Така јавува радиото Московско ехо. Ова се поклопува со изјавите на претседателот на горниот дом на рускиот парламент, Сергеј Миронов, кој рече дека е сигурен оти Путин ќе се врати како претседател на сцената во 2012 година. Миронов смета дека тогаш Путин повторно ќе биде номиниран и ќе биде избран согласно уставот. Рускиот устав забранува трет мандат едно по друго, но враќање на поранешен претседател на функцијата е можно, за разлика од на пример, американскиот устав каде на ниту еден Американец не му се дозволени повеќе од два мандати како претседател на земјата. Во меѓувреме, во наредните 4 години, значи, според Миронов, друг претседател ќе ја води судбината на државата и ќе го продолжи курсот на Владимир Путин.

Путин ќе влече конци од позадина?

Минатата недела Путин на изненадување на јавноста, го предложи релативно непознатиот Виктор Зубков за функцијата премиер, по што парламентот и го потврди Зубков на таа позиција. Потоа, Зубков се стави себеси во центарот на дискусиите како можен претседателски кандидат. Тој, како што рече, би можел да си претстави да биде кандидат за претседател, доколку неговата работа како премиер задоволи. Потоа Путин, изјави дека Зубков е еден од кандидатите, кои во моментов се пет на број. Набљудувачите, поради сето ова, сметаат дека новиот претседател што ќе биде избран во март, ќе биде само преодна фигура, кој ќе ги води работите, додека Путин од позадина ги влече конците.

Russland Regierung Viktor Subkow
Виктор ЗубковФотографија: AP

Притоа, решевачки ќе биде која позиција ќе ја има Путин по неговото заминување од претседателската функција. Не се исклучува тој да ја преземе шефовската позиција во еден руски концерн за енергија кој е во формирање и во кој ќе бидат обединети гас, нафта, јаглен и атомска енергија. Наредните денови, Виктор Зубков треба да ја претстави владата. Притоа, од особен интерес е каква позиција во новиот кабинет ќе добијат двајцата досегашни заменици на премиерот, Сергеј Иванов и Дмитри Медведев. Двајцата важат како луѓе кои би биле во трка за претседателската функција, при што на министерот за одбрана Иванов му се даваат поголеми шанси. Со именувањето на Зубков,меѓутоа, Путин, сега, наново ги измеша картите.