Во центарот на Скопје „не се дише“.
4 декември 2011Реклама
Kвалитетот на воздух во 11:22 часот во центарот на Скопје изнесувал 339, ниво кое е опасно по здравјето на човекот може да се прочита на интернет-страницата „Скопје дише“ (http://www.skopjecentar.ekoinformatika.mk).
Според податоците на веб страницата на Град Скопје – „Скопје дише“ во главниот град мерењата направени во 11:22 часот покажуваат дека ПМ10 прашината е застапена со 488,99 микрограми на кубен метар, што е далеку над прифатливите максимални вредности.
Микроскопските честички, наречени ПМ10, можат да се вгнездат длабоко во белите дробови и се многу канцерогени. Како мерка за претпазливост се препорачува да се избегнува секаква физичка активност на отворено.
Автор: СН/ АТ/ миа/ сд
Редактор: Симе Недевски