1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Во Украина предност за партијата на Јанукович

2 октомври 2007

*

https://p.dw.com/p/Blrk

На предвремените парламентарни избори во Украина, про-рускиот владеачки сојуз на премиерот Виктор Јанукович, мина во водство пред опозициониот блок на Јулија Тимошенко. По пребројувањето на најголемиот број од гласовите, Партијата на регионите на Јанукович освоила речиси 34% од гласовите, додека блокот на Тимошенко има 31%‘ освоени гласови. Лидерот на опозицијата Тимошенко има намера да стапи во коалиција со партијата на претседателот Виктор Јушченко, чија партија има 14,5% гласови на своето конто. Но, Јанукович изјави дека сеуште нема докази за победа на “портокаловата коалиција“ на изборите. Германскиот министер за надворешни работи, Франк Валтер Штајнмаер, и даде уверување на Украина дека и натаму ќе бидат поддржувани реформите во земјата и нејзиното приближување кон ЕУ.