1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Во Парламентот на Македонија продолжува дебата за Деловникот

Александар Чомовски18 јули 2007

Македонскиот парламент денеска треба да продолжи со расправата околу новите правила за работата на Собранието. Вчерашната работа на парламентот беше непродуктивна.

https://p.dw.com/p/BJP7
Собранието ја продолжува расправатаФотографија: picture-alliance/ dpa

Во македонскиот Парламент постои атмосфера на конфронтација и најверојатно е знак за блокада на парламентарната ефикасност. Претседателот на Собранието Георгиевски вчера не успеа да воспостави ред и деловникот да стане централна тема на дебатата.

Парламентот ќе ги чека изворните пораки од Оли Рен и Хавиер Солана и враќањето на премиерот Никола Груевски. ДУИ не исклучува нов бојкот ако во списокот закони не се најде и официјализирањето на албанскиот јазик во Парламентот „Веќе во ДУИ се размислува за менување на политичкиот курс на делувањето на пратеничката група во Собранието.“ покрај оваа закана од Рафиз Алити, лидерот на ДУИ Али Ахмети бара поддршка кај странските дипломати. Не е исклучена негова нова средба со ВМРО ДПМНЕ.

Опозицискиот СДСМ подготви околу 2.000 амандмани на деловникот како обид да се опструира или пролонгира неговото донесување „За жал ќе почекаме веројатно трета среќа за да господинот Оли Рен излезе на прес конефернција со господинот Груевски.“ напнатоста по излагањето на Јани Макрадули ја следеше целоднвната дебата која доби политичка содржина, а не расправа по парламентрниот деловник.

Се надевам на поодговорно однесување на владата и на опозицијата реагираше и шефот на македонската држава „ Договор има, не само што има туку стана дел од извештаите на Европските институции за Македонија и дел од критериумите што треба да ги исполнме за да бидеме позитивно оценети од страна на Брисел.“ претседателот Бранко Црвенковски изрази жалење што за деталите од мајскиот договор Груевски - Ахмети македонската јавност дознава преку Брисел.