1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Во недела избори во Грција

4 март 2004

Грците в недела избираат нов парламент. Владеачкиот ПАСОК во истражувањата на јавното мислење сеуште е зад конзервативната ”Нова демократија”, но разликата е во последните недели значително намалена. Ваквиот, за социјалистите позитивен развој, се должи на Јоргос Папандреу, синот на легендарниот основач на ПАСОК, Андреас Папандреу. Успешниот министер за надворешни работи и архитект на приближувањето н

https://p.dw.com/p/AcPP
Атина
АтинаФотографија: AP

а Грција и Турција, го презеде раководењето со партијата, по повлекувањето на Костас Симитис.Така изби напрегната трка меѓу Папандреу и Костас Караманлис, 47 - годишниот шеф на “Нова демократија”, кој исто така носи големо име. Тој е внук на поранешниот грчки претседател, кој ја водеше Грција во 1974 година од диктатура во демократија и обезбеди влез за неговата земја во ЕУ.

Предизвикувачот Костас Караманлис на врвниот кандидат на ПАСОК, Јоргос Папандреу, му префрла дека тој се обидува да ”продаде стар производ во ново пакување”:

”Нам не ни е до личноста што ја води другата апртија, туку до политиката што таа партија ја застапува. Нам ни е до одговори на големите прашања кои денеска ги преокупираат Грците – економија, висока невработеност и цени што се зголемуваат. Се работи за лошата ситуација во образованието, здравствениото систем и управата. Особено, се работи за корупцијата и растечките социјални и регионални неизедначености. Нашата владина програма се однесува на сите овие проблематични подрачја. Социјалистите, кои се на власт речиси 20 години, не располагаат со потребната веродостојност за решавање на проблемите. Нивната владина програма во основа е идентична со политиката што ја практикуваат сите овие години.”

И покрај успесите на владата на ПАСОК во економската и финансиската политика , и успешниот влез во евро-зоната, нејзиниот углед паѓа. На функционери и членови на кабинетот од редовите на социјалистите им се префрла дека се занимаваат со сива економија, дека се уморни од владеење и дека се отуѓиле од народот. Затоа, премиерот Костас Симитис повлече консеквенци и си замина од функцијата лидер на ПАСОК. Со кандидатурата на Јоргос Папандреу се разбудија нови надежи за партијата. Таа дури доби и полет од политичари од други кампови. Двајца неолиберални екс-министри на ”Нова демократија”, Стефанос Манос и Андреас Андрианопулос, се приклучија на ПАСОК и добија врвни места на партиската листа. Сега голем број социјалисти се иритирани. Се погласни се оние кои прашуваат – каква политика застапува всушност новиот шеф на ПАСОК. Папандреу се труди да ги смири партиските членови:

”Би сакал нашата партија да ја ползува добрата мисла на неолибералите, доколку таа се вклопува во нашата идеолошка рамка. Соочувањето со неолибералните намери на нас би имало позитивно влијание. ”

Конзервативните и левицата тврдат дека новиот шеф на ПАСОК ја претвора партијата во беспринципиелна. Атинскиот политиколог, Елијас Кацулис, смета дека на избирачите им е доста од ПАСОК и дека ќе направат пресврт:

”Населението се чини е уморно од долгото раководење на ПАСОК во грчкото политичко милје. Тоа е една од значајните причини зошто конзервативната ”Нова демократија” во моментов стои подобро во истражувањата на јавното мислење и зошто би ги добила изборите.”