1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Во нападите во Нигерија загинаа 150 луѓе

6 ноември 2011

Во серијата бомбашки напади во североисточна Нигерија загинаа 150 луѓе, многу повеќе од првично стравуваното, соопштија властите. Одговорноста за нападите ја презеде радикалната муслиманска организација „Боко Харам“.

https://p.dw.com/p/135rk
Полицајци на барикади во североисточна НигеријаФотографија: dapd

Поголемиот број луѓе загинаа во бомбашкиот напад на трикатната воена зграда и касарна во Даматур, главниот град на нигериската држава Јобо. Други мети на нападите беа црква, полициска станица и една банка.

Нападите почнале во петокот во 18 часот и 30 минути по локално време и траеле 90 минути, а потоа напаѓачите се судриле со безбедносните сили. престрелката траела цела ноќ.

Три самоубиствени напади, претходно, се извршени врз седиштето на војската во градот Маидугури, во соседната држава Борно.

Одговорноста за нападите ја презеде радикалната муслиманска организација „Боко Харам“. Името на групата значи „западното образование е забрането“ и често изведува напади врз полициски и владини претставници во Нигерија.

„Боко Харам“ почна да дејствува околу 2003 година, главно во северните нигериски држави Јобе, Кано, Баучи, Борно и Кадуна.

Автор: ЖА/СН/дв/миа

Редактор: С. Недевски