Во мода се „неонски бои“
28 јули 2012Природно, елегантно, грациозно, прекрасни времиња на црно-белиот свет.
Но сега на сцена стапува-неон!
Оној кој се надеваше-ваквите јаки бои ќе останат во сеќавање како забуна на модата, мора да биде силен-тие се повторно во тренд под мотото-што подречливи, тоа подобро.
Во модниот часопис „Бригите“ не се возбудуваат.
„’Неонските бои’ во модата буквално експлодираат-во накитот, чантите, фустаните. Враќање доживеаја веќе модните 40-ти, 50-ти, 60-ти, модните дизајнери овојпат се инспирираа од времето на 80-те, но на модерен начин“, вели Софија Костима, заменик-уредник на модниот часопис.
За среќа, зашто 80-те не се сметаат за години на добар вкус. Да се потсетиме на дречливите видео спотови и Џејн Фонда и нејзините часови по аеробик.
Дали на модниот свет воопшто му требаше враќањето на овие бои? Да, вели германскиот дизајнер Килиан Кернер, кој исто ги користи.
„’Неонот’ почна полека да се шири, го имаше се‘ повеќе, а сега го има секаде“.
Од здолништа до ранци-во ателјето на берлинскиот дизајнер се‘ е под дречливиот диктат.
„Ми се допаѓа едноставноста. Има работи кои се гласни и притоа болат. ’Неонот’ исто се дере, но не боли. Тој е кул и уверен сум, секој така го разбира“.
Дали навистиан е така? Што велат на улиците на Берлин:
„Убаво, убаво, радо го носам“.
„Ужасно, заслепувачки“.
„’Неонот’ е повеќе за жени, а не за мажи“.
„Го сакам, една сезона и доста е“.
А дотогаш важи-внимателно комбинирање на „неонските бои“.
„’Неонот’ би го носела само со неутрални бои. Убаво одговара на бојата на кожата. Убави се и комбинациите со накит и чанти во неонски бои. Убав тенок ремен во овие бои или ракавици или некои други едноставни комбинации“, вели Софија Костима.
А оние кои сепак не можат да се привикнат на „неонски бои“, можат да се тешат со следното: на секој моден тренд еднаш му доаѓа крајот. Следува обично спротивност.