1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

„Во мало место е тешко“

Елизабета Милошевска Фиданоска
9 декември 2019

„Мојот Штип е Дубаи во споредба со ова местенце“, вели 25-годишниот Ѓорги Бојчов, кој во Штајнебах, Германија, пристигна пред два месеца. Работи во фирма за хемиско чистење и сака што побрзо да се пресели во поголем град

https://p.dw.com/p/3USuA
Gorgi Bojcov, ein Einwanderer aus Stip, Nord-Mazedonien,
Фотографија: DW/E. Milosevska Fidanoska

Готвачот Ѓорги Бојчов сѐ уште се прилагодува на новата средина и работа. Во Штајнебах е од пред два месеца.

„Завршив факултет за гастрономија, а за да преживеам (во Македонија) работев сосема друга работа. Заминав со цел за подобар живот. Овде работам сосема друго за да се преживее.“

Работи во фирма за хемиско чистење, што за него е нешто сосема ново:

„За оваа машина ми беа потребни десетина денови за да го научам целиот систем како функционира. Сум работел на сите машини, веќе стекнав знаење и можам да им помогнам на колегите. Колегите се во најголем дел од Балканот, има доста Македонци, Хрвати, Срби. Зборуваме српски за да се разбереме сите заедно и заедно си помагаме.“

Навикнувањето на новите околности за работа и живот не му паѓа сосема лесно: „Во мало место се живее навистина тешко. Луѓе буквално како да нема. Сите работа-дома, работа-дома, буквално нема. За разлика од кај нас, каде што за викенд речиси сите се излезени надвор. Искрено, кога дојдов овде мислев дека онаму каде што јас живеам е Дубаи во споредба со ова.“

За млад човек е важно да има каде да излегува, ова е за семејни луѓе, додава Ѓорги. 

Повеќе за животот на Ѓорги во Штајнебах и зошто тој е уверен дека ќе ги оствари своите цели, овде:

„Во мало место е тешко“

Еве ја приказната за Ѓорги Бојчов пред да тргне од родниот Штип на работа и живот во Германија:

„Чекањето на визата за Германија е најтешко“