Во Македонија врие
25 август 2011Реклама
Поради екстремно топлото време лекарите препорачуваат да се избегнува престој на отворено и на сонце во периодот од 10 до 17 часот, по можност граѓаните да останат во затворени климатизирани простории, да се избегнуваат напорни физички активности, да се носи светла и лесна облека, заштитни очила и капа. Се препорачува внесување помало количество храна, а повеќе вода и течности.
Македонската Влада, пак, препорача поради топлотниот бран бремените и лицата над 60 години денеска и утре да бидат ослободени од работа, а градежните работници да не изведуваат работи на отворено во периодот од 11 до 16 часот. Еднакво високи температури се најавени и за утрешниот ден.
Автор: ЕМФ/миа
Редактор: Трајче Тосев