1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Во Лондон средба на Контакт групата и Тројката за Косово

9 август 2007

*

https://p.dw.com/p/BSPD

Денеска во Лондон се оддржува состанок на претставници на Контакт групата и посредувачката тројка. На средбата треба да се разгледа натамошниот процес за решавање на статусот на Косово. Состанокот во Лондон се одржува на ниво на политички директори а на него ќе учествуваат и претсавниците на Тројката од страна на ЕУ, Волфганг Ишингер, американскиот претставник Франк Визнер и Русинот Александар Бочан Харченко. Тројката за Косово по состанокот во Лондон ќе отпатува за Белград на средби со српските власт, а во сабота ќе ја посетат Приштина.