1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

„Во животот може да се постигне се‘“

20 ноември 2011

Приказна за учителка која е само пример за генерален тренд во Германија. Лејла Дилбаз за децата кои потекнуваат од доселенички семејства претставува голем идол. Таа успеала од низок степен на училиште да стане учителка.

https://p.dw.com/p/137Ca
Децата ја сакаат нивната учителкаФотографија: DW

Во јавните установи треба да работат повеќе мигранти. Во Северна Рајна Вестфалија овој закон треба да стапи во сила од 1 јануари 2012 година. Оваа покраина ќе биде првата во Германија што ќе го зголеми учеството на мигрантите во јавниот сектор за четири проценти.

„На денот кога станав прваче за првпат ја видов госпоѓа Дилбаз и веднаш си реков: таа е навистина фина и љубезна. И знаев дека сум имала среќа што ме примија во ова училиште“, вели ученичката Амел.

„Таа е исто така многу убава....“, вели Џамила.

„Часовите со госпоѓата Дилбаз поминуваат многу побрзо, бидејќи е многу фина, ни‘ дава да пишуваме задачи што речиси секој ги разбира“, објаснува Фабио.

Кога учениците од одделението 5а во училиштето „Јоханес Рау“ зборуваат за нивната учителка, госпоѓата Дилбаз, веднаш им светнуваат очите. Од септември годинава младата и убава жена им е класен раководител. Учениците се особено воодушевени од нејзината лична приказна:

„Она што ми се допаѓа кај госпоѓата Дилбаз е тоа дека успеала од едно, така да кажеме, пониско училиште да се префрли во гимназија и на крајот да дипломира. Потоа сакала да стане учителка овде кај нас. Интересно е тоа што прво била ученичка, а потоа и учителка во ова училиште“, вели Хајди.

Лејла Дилбаз матурирала во училиштето „Јоханес Рау“ во 2002 година

Foto: DW/Alexander Willing, 19.10.2011, Johannes-Rau Schule, Bonn-Pennenfeld Die Schuldirektorin bestätigt, dass die Eltern mit einer Veröffentlichung durch die DW einverstanden sind.
Лејла ДилбазФотографија: DW

Таа била најдобра ученичка во нејзината генерација. Тогаш многумина и’ велеле: сигурно ќе најдеш добро место за пракса за да изучиш некаков занает. Но, Лејла имала други планови: „Кога завршив во училиштето ни‘ кажаа дека имаме можност да се запишеме во гимназија. Затоа сакав задолжително да ја искористам таа шанса. И, ја искористив. Освен тоа, многу сум амбициозна, но и зошто, пак, да се задоволам со малку?“, вели Лејла Дилбаз.

По завршувањето на гимназијата таа студирала во Кобленц математика, економија, социологија, спорт и учителска настава. Уште за време на студиите била на пракса во нејзиното старо училиште. А, годинава и целосно се вратила во училиштето. „Можам многу добро да ги разберам учениците, затоа што знам со какви проблеми се соочуваат. Понекогаш ме прашуваат: госпоѓо Дилбаз каде да одам? Или, пак, какви можности имам по завршувањето на 10-тото одделние? И јас во тоа време морав да се борам“, вели Дилбаз.

Училишната кариера не се одвива кај сите ученици како кај Лејла

Многумина предвреме го прекинуваат школувањето, па дури и ако успешно го завршат училишетото многу слободни места за изучување занает им се даваат на гимназијалци со завршена матура. Приказната на Лејла Дилбаз е повеќе исклучок отколку правило, потврдува и Кристине Хајдбредер, директорка на училиштето „Јоханес Рау“ во Бон: „Учениците генерално многу малку ги користат шансите кои им се пружаат. А, шанси има, треба само да се избориш за нив. Но, за тоа се учениците сами виновни. Примерот на Лејла Дилбаз многу добро го покажува тоа“, објаснува директорката.

80 проценти од учениците во училиштето „Јоханес Рау“ се со мигрантско потекло

Hauptschullehrein Leyla Dilbaz Schüler zeigen auf
Часовите со учителката Дилбаз поминуваат побрзоФотографија: DW

Токму децата од таквите семејства гледаат во Дилбаз, чии родители доаѓаат од Турција, голем идол. Се поставува прашањето: може ли она што функционира во Бон да функционура и во цела Германија? Министерот за интегарција во покраината Северна Рајна Вестфалија, Гунтрам Шнајдер е убеден во тоа. Тој сака да го зголеми процентот на вработени со мигрантско потекло во јавните служби, како наставници, полицајци и службеници. До сега во оваа покраина работеа само два проценти мигранти, но до 2015 година нивниот број треба двојно да се зголеми. Ова стои и во законот за интеграција на покраинската влада, кој треба да стапи на сила во 2012 година.

Лејла Дилбаз од сопствено искуство знае колку е важно поголемо учество на мигрантите во ваквите професии: „Има смисла кога многу луѓе со мигратско потекло работат во јавните служби, бидејќи тогаш доаѓа до голема размена на информации. Доколку некој растел со две култури, тогаш може да ги разбере и луѓето од некоја трета култура. Постојано се вели дека постои паралелно општество и луѓето не сакаат да живеат заедно, но некој со мигрантско потекло може да ги разбере и двете страни“, објаснува Дилбаз.

Со законот за интеграција предвидено е анонимно пријавување за пракса или работа

Hauptschullehrein Leyla Dilbaz unterrichtet in Klasse
Лејла е класен раководител на одделението 5аФотографија: DW

Со цел да се избегнат некакви запоставувања или дискриминација во пријавата ќе бидат прикриени полот, местото на живеење и потеклото на кандидатот. Лејла Дилбаз и Кристине Хајдбредер се едногласни: анонимните пријави имаат смисла, но најважно е да се зацврсти мотивацијата на учениците за да можат подоцна во животот да пишуваат добри пријави. Учениците на Лејла Дилбаз од 5а веруваат во тоа."Госпоѓата Дилбаз секогаш ни‘ вели - се’ може да се постигне во животот. И ние веруваме во тоа“, вели една ученичка.

Автор: Хајке Мор / Бисера Огњановска Митров

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска