Во Германија има многу сиромашни деца
29 мај 2012Во студија на УНИЦЕФ за сиромаштијата на децата во државите на ЕУ, Норвешка и Исланд, Германија е на 15. место од 29 држави во коишто е спроведено истражување. Речиси едно од 20 деца нема топол оброк дневно, а 4,4 проценти од децата немаат место кадешто би ги пишувале домашните задачи. Нешто помалку од четири проценти од децата имаат само по еден пар чевли, а 3,1 процент од децата под 16-годишна возраст не добиваат нова, туку носат веќе користена облека.
Според студијата, заснована врз податоци од 125.000 домаќинства во ЕУ, најмала детска сиромаштија има во Исланд, Шведска и Норвешка, додека децата најмногу погодени од сиромаштија се во Унгарија, Бугарија и Романија. Според Уницеф, во Германија за сиромашни се сметаат 1,2 милиони деца.