1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Во Бродец денеска е мирно

8 ноември 2007

Новинарските екипи во селото под Шара денеска видоа застрашувачко количество тешко оружје,кое полицијата го заплени по вчерашното разбивање на криминално екстремистичката група на Лирим Јакупи-Нацист и на Рамадан Шити.

https://p.dw.com/p/C5bU
На Шара се криеја групите вооружени криминалциФотографија: picture-alliance/ dpa

Водачот Лирим Јакупи успеал да избега,Рамадан Шити е меѓу загинатите.Шест припадници на криминалната група се загинати,а 13 се уапсени.Во вчерашните повеќечасовни престрелки,повредени се 10 македонски граѓани,од кои тројца се веќе пуштени на домашно лекување.Вчера претпладнето еден полицаец беше полесно повреден во ногата од шрапнел,а нема загинати полицајци.

Денешната ситуација во регионот на Шара е мирна и стабилна,со засилено присуство на специјалната полиција во повеќе локации кај шарските села.Вчера беше забележливо отсуството на полицијата од селата за да се одбегнат какви и да било иритирања на локалното неселение.Денеска жителите на Бродец велат дека се чувствуваат многу подобро по тримесечните малтретирања што им ги приредувале секојдневно избеганите затвореници од косовскиот затвор Дубрава.Тие барале од населението да им носи храна и да им пружа засолниште,дури се обидувале и насилно да го мобилизираат,што селаните го одбиле.Локалните жители учествуваа и соработуваа со истражните органи и со полицијата.