Во Брисел продолжува дијалогот Белград-Приштина
24 јули 2013Преговорите меѓу претседателите на владите на Србија и на Косово се одвиваат со посредство на високиот преставник на Европската унија ( ЕУ ) за надворешна и безбедносна политика, Кетрин Ештон.
Тачи и Дачиќ мора да најдат решение и за локалните избори на Косово во ноември годинава, имајќи во предвид дека политичките и општинските преставници на косовските Срби засега најавуваат дека ќе ги бојкотираат изборите, бидејќи истите се во склоп на косовскиот изборен систем, иако со договорот меѓу Белград и Приштина предвидено е формирање на заеднички српски општини.
Минатата недела српскиот министер за правда Никола Селаковиќ во Брисел го предводеше тимот на Белград на техничките преговори за правосудството, формирањето на судовите и обвинителствата во српските општините на Косово.
По последната рунда на преговори на 8-ми јули, Дачиќ изјави дека е остварен одреден напредок околу прашањата за телекомуникациите и енергетиката, и дека Приштина ветила дека ќе го изгласа законот за амнестија.