Во Ајндховен дуел Македонија-Унгарија
19 јануари 2012Реклама
Ватерполистите на Македонија ќе се обидат да обезбедат бодови против фаворизираната Унгарија, откако пред два дена беа поразени од селекцијата на Грција со 10:6.
Претходно, во првото коло, македонскиот тим успеа да доминира над селекцијата на Турција, победувајќи ја со високи 16 спрема 4.
По натпреварот со Унгарија, во наредните денови следуваат дуелите со италијанската и холандската селекција, по што ќе биде заокружена првата фаза во групата „А“ каде е и репрезентацијата на Македонија.
Автор: ЖА/АТ/миа
Редактор: А. Трајковска