1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Тероризам

Војник застрела напаѓач пред Лувр

Ж.А. /агенции
3 февруари 2017

Француски војник отворил оган врз човек кој го нападнал со мачета, извикувајќи „Алаху акбар“. Властите се сомневаат дека нападот кој се случил во близина на музејот Лувр, има терористичка заднина.

https://p.dw.com/p/2WubM
Frankreich Paris Louvre - Soldat
Фотографија: Reuters/P. Wojaze

По нападот со мачета пред светски познатиот музеј Лувр во Париз, Државното обвинителство започна истрага поради сомневање дека станува збор за терористичко дело.

Француската влада смета дека напаѓачот имал терористички побуди, како што изјави францускиот премиер Бернар Казенев.

Маж вооружен со мачета денеска претпладне нападнал воена патрола, извикувајќи „Алаху акбар“ (господ е голем), по што еден од војниците отворил оган и тешко го ранил напаѓачот во стомакот, соопшти полицискиот префект Мишел Кадо. Друг војник е полесно повреден. Напаѓачот носел два ранци, но во нив не е пронајден експлозив, иако не се исклучува тој кај себе да имал и второ оружје. 

Француски војник застрела напаѓач пред Лувр

Настанот се случил на скали кои од плоштад покрај Лувр водат кон подземен трговски центар.

Музејот, кој секоја година го посетуваат милиони луѓе од цел свет, поради инцидентот е привремено затворен. Посетителите кои се нашле во музејот, морале да останат внатре, соопшти претставник на музејската управа.

Франција во изминатите две години повеќепати беше цел на терористички напади, поради што во земјата сѐ уште владее вонредна состојба, а пред многу објекти, меѓу кои и туристичките атракции, патролираат војници.