1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Војната уште не е загубена

1 септември 2009

Еден извештај на главниот командант на американските и силите на НАТО во Авганистан, предизвикува големо внимание во Вашингтон. Генералот Стенли Меккристал бара промена на стратегијата во ангажманот во Авганистан.

https://p.dw.com/p/JNCw
Американскиот генерал Стенли МеккристалФотографија: picture-alliance/ dpa

Официјално Белата куќа не сака да ги отвори картите. Извештајот на командантот на силите на НАТО за состојбата во Авганистан прво мора да го мине официјалниот пат до Вашингтон, вели портпаролот на Белата куќа, Роберт Гибс. Тогаш, извештајот ќе се разгледа и ќе бидат слушнати мислењата на експертите. Сепак, едно е јасно:

„Таму нешто мора да се случи. За тоа ни‘ се потребни повеќе ресурси, кои ги вети претседателот Обама. За војната во Авганистан со години не се издвојуваа доволно пари, опрема и луѓе.“

USA mit neuer Fahndunsoffensive in Afghanistan
Aмериканските трупи се најбројни во АвганистанФотографија: AP

Американците не сакаат зголемување на силите

До крајот на годината, американскиот претседател Барак Обама планира со нови шест илјади војници да ги засили американските трупи во Авганистан, чиј број во моментов изнесува 62 илјади. Јавното мислење во САД, меѓутоа, не ги поддржува ваквите планови. Во една анкета од минатата недела, речиси половина од испитаниците се изјаснија за намалување на бројот на американски трупи во Авганистан и мнозинството Американци, за првпат од почетокот на војната, смета дека таа не се исплаќа.

Противењето на американската јавност веројатно ќе се зголеми, со оглед дека август беше најкрвавиот месец за американските сили во осумте воени години во Авганистан, со 47 загинати војници. Извештајот на генералот Меккристал, меѓутоа, поаѓа од тоа дека се‘ уште е се’ возможно.

„ Иако состојбата е навистина сериозна, се’ уште може да се победи во војната“, изјави Роберт Гибс.

Во моментов, во Авганистан има околу 150.000 војници на НАТО. Тоа е премалку, барем за генералот Меккристал. Две третини од нив се Американци. Поради тоа, портпаролот на Белата куќа истакна:

„Сметам дека нема сомнеж дека нашата војска мораше да направи многу работи за кратко време и поради тоа е многу оптоварена.“

ISAF Soldaten der Bundeswehr Afghanistan
Војници на Бундесверот во северен АвганистанФотографија: AP

Американците ќе побараат од сојузниците повеќе војници

Роберт Гибс, меѓутоа, не рече дека поради тоа мора да се зголеми ангажманот на другите НАТО-сојузници. Барем засега. Конечно, извештајот на генералот Меккристал официјално се’ уште не е дојден во Вашингтон.

Меѓутоа, германскиот генерал Егон Рамс, главниот командант на здружената команда на НАТО-силите во Брунсум, очекува дека Американците од сојузниците ќе побараат ангажман на повеќе војници во Авганистан:

„Во стратегијата за периодот есен-зима што се оцртува кај новата администрација на Обама, Американците однапред кажуваат „Ние ќе испратиме трупи“. Кај НАТО настанува еден вид нерамнорежа и како воен лидер би си посакал, европските при дополнителните задачи да се вклучат соодветно и во воениот дел.“

Генералот Рамс не сака да шпекулира за можното зголемување на бројот на германските војници во Авганистан. Во моментов, таму има 4300 припадници на Бундесверот, но Рамс смета дека можат да бидат испратени уште двесте војници. Тие ќе бидат потребни во Кундус каде бунтовниците стануваат се’ поагресивни. Само годинава, во оваа провинција на северот на Авганистан загинаа четири германски војници.

Автор: Сабина Матај/ Симе Недевски

Редактор: Жана Ацеска