1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Војната против теророт продолжува

22 мај 2007

Џорџ Буш и Јаап де Хоп Шефер на разговорите во Тексас единствени во ставовите

https://p.dw.com/p/AnyO
Џорџ Буш
Џорџ БушФотографија: AP

Недолжните цивилни жртви во борбата против Талибанците во Авганистан и натаму е еден од главните проблеми на НАТО Алијансата. Покрај ова извештаите и за убиства на војниците на НАТО, пред се американски, станаа секојдневна тажна рутина во САД. Имено досега повеќе од 3700 американски војници ги загубија животите во Ирак и Авганистан. И покрај ова, американскиот претседател Џорџ Буш со јасна порака, војната против теророт продолжува:

“ Ќе работиме со НАТО сојузниците за да ги убедиме дека сите заедно мора да го делиме ризикот за да ја постигнеме целта

рече Буш и додаде:

“ Мицијата во Авганистан е многу значајна за нас и нашите сојузници во Европа. Она што се случува во Авганистан се однесува на безбедноста на нашите земји. Го поздравуваме фактот дека во Авганистан е стациониран најголемиот контингент на НАТО војници и успехот во таа земја е многу значаен“ рече Буш

Првиот човек на Алијансата нагласи дека за разлика од противникот Алијансата не сече глави на невини и не изведува самоубиствени атентати. Напротив со сета сила се обидуваме да ја избегнеме смртта на недолжни цивили. Од тие причини мисијата не е доведена во прашање, нагласи Шефер и додаде

“ Авганистан сеуште е еден од првите фронтови во борбата против теророт. Затоа е многу важно сите 26 НАТО членки но и меѓународната заедница на долг рок да бидат посветени на мисијата во Авганистан. Знам дека одвреме навреме е тешко“

Шефер вели дека е постигнат одрден успех во напорите за подобра политичко економска иднина на Авганистан:

“ Кога ќе ја посетите земјата ќе видите процес на голема реконструкција и развој. Од друга страна НАТО ќе биде силен онаму каде е потребно“

Буш и Шефер разговараа за прашањето на Косово, проширувањето на НАТО и инсталирањето на антиракетниот штит во Европа. И тука Шефер и Буш демонстрираа единство:

“ НАТО алијансата и нашите сојузници ја препознаваат заканата од балистички ракети со кои сме соочени. Јас ќе продолжам да ја убедувам Русија да разбере дека ракетниот систем не е директна закана кон нејзе, туку против други земји кои и се закануваат на слободата на Европа“ изјави Буш