Вонредна состојба во Минхен, досега 9 мртви
22 јули 2016
Видеото снимено од случаен минувач прикажува човек во црна маичка кој со пиштол отвора оган врз луѓето кои безглаво бегаат од ресторан за брза храна, кај Олимпија трговскиот центар во Минхен. На друго аматерско видео, веројатно истиот напаѓач тврди дека е Германец роден во Германија и потоа се слушаат пукотници.
Полицијата потврди девет жртви во нападите за кои се сомнева дека ги извршиле тројца напаѓачи вооружени со пушки, според тврдења на очевидци. Можно е еден од загинатите да е еден од напаѓачите.
Шефот на кабинетот на канцеларката Ангела Меркел, Петер Алтмајер не можеше да потврди дека се работи за терористички напад, но ниту да демантира. Шефот на дипломатијата Франк-Валтер Штајнмајер вели дека мотивот на нападот и натаму е нејасен.
Специјални единици на германската полиција се во потрага по осомничени напаѓачи. Целиот град е под полициска опсада, а граѓаните се повикуваат да останат во своите домови.