Волфовиц одбива да поднесе оставка
16 април 2007Реклама
Претседателот на Светска Банка , Пол Волфовиц кој се наоѓа под жестоки критики ги отфрли барањата да поднесе оставка .
„Верувам во мисијата на оваа организација и верувам дека можам да ја спроведувам“- реагираше Волфовиц на соопштението на развојниот комитет на Светска Банка и Меѓународниот Монетарен Фонд во кое се предупредува дека Светка Банка може да ја изгуби доверливоста и добриот имиџ поради аферата со која е поврзан нејзиниот шеф . Имено Волфовиц се наоѓа под притисок да поднесе оставка бидејќи и обезбедил повисока позиција и значително зголемување на платата на својата девојка која работи во Светска Банка .