1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Волфовиц непожелен во Берлин

16 мај 2007
https://p.dw.com/p/Ag3c

Претседателот на Светската банка Пол Волфовиц не е добредојден на претстојниот форум на светската банка и Африка кој наредната недела треба да се одржи во Берлин, изјави германската министерка за развој Хајдемари Вичорек Цојл. Таа нагласи дека не сака прашањето за раководството на Светската Банка да ја засени дискусијата за развојната помош на Африка. Инаку Волфовиц во сослушувањето пред егзекутивниот совет на банката ги негираше резултатите на истражаната комисија која му префрлува дека ги прекршил етичките правила зашто и помогнал на својата животна сопатничка да добие поголема плата. Директориумот на банката денеска ќе расправа за тоа дали Волфовиц ќе мора да си замине.