1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Волерс: САД помагаат, не вршат притисок за името

14 септември 2011

Улогата на САД во спорот со името меѓу Македонија и Грција е да советуваат и помагаат, а не да вршат притисок, вели американскиот амбасадор во Скопје, Пол Волерс. САД не е страната која треба да носи одлуки, вели тој.

https://p.dw.com/p/12Z3J
Пол Волерс (л.) по предавањето на акредитивните писма кај македонскиот претседател ИвановФотографија: MIA

„Прашањето за името е важно. Тоа е прашање за кое сме тука да асистираме. Тоа не е прашање за кое треба да донесеме одлуки. Тоа е прашање за Македонија и Грција на кое треба да работат, и како што реков порано, го поддржуваме процесот воден во рамки на Обединетите Нации и кое било име за кое двете страни ќе се согласат ќе го поддржиме“, изјави Волерс.

Според него, процесот на барање решение за спорот трае многу долго и би било премногу оптимистички да се каже оти напредок ќе се постигне во следните денови или неколку недели: „Се надевам дека ќе има некаков прогрес. Тоа веќе е долг процес и би било прерано или премногу оптимистично да се рече дека ќе има прогрес во следните неколку дена или недели. Мислам дека секој состанок е од помош. Зборував со амбасадорот Нимиц пред да дојдам тука и тој е посветен да го одржи процесот и да работи напорно на него“, изјави Волерс во Скопје.

Автор: ЕМФ/ миа/ макфакс

Редактор: А.Трајковска