Воз полн со нафта ескплодираше во гратче во Канада
7 јули 2013Возот експлодираше во малото гратче Лак-Межантик. Во времето на несреќата во еден бар во местото, од кој не е останато ништо, имало најмалку 50 луѓе. Спасувачките екипи работат со полна брзина. Портпаролот на полицијата Мишел Брунет ја потврди смртта на едно лице, но рече дека се претпоставува оти бројот на загинати ќе се зголемува.
Огнот по експлозијата на возот без машиновозач не е изгаснат ни по 20 часа од несреќата. Во гратчето се уништени околу 400 куќи. Евакурани се околу 2 илјади, од вкупно 6 илјади жители на местото.
Причините за несреќата се‘ уште не се познати. Портпарол на фирмата Монтреал Мејн и Атлантик, Кристоф Журне, за агенцијата АФП изјави дека возот се наоѓал првично во соседното место Нант, на околу 13 километри западно од Лак-Межантик, поради промена на персоналот. И покрај тоа што сопирачките биле активирани, возот одеднаш почнал да се движи во насока на Лак-Межантик. Според железницата, возот имал 72 вагони полни со нафта од американската сојузна држава Северна Дакота.
Сведоци зборуваат за најмалку шест експлозии што се слушнале откако возот влетал во центарот на гратчето. Канадскиот премиер Штефен Харпер изјави дека е шокиран од несреќата и на семејствата на жртвите им изрази сочувство.