1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Возбудлив и ефикасен фудбалски викенд во Германија

31 октомври 2005

Единаесетото коло не донесе промена на врвот на табелата во фудбалската Бундеслига

https://p.dw.com/p/Aek8
Капитенот на Баерн, Оливер Кан
Капитенот на Баерн, Оливер КанФотографија: dpa

Баерн Минхен останува на лидерското место на табелата во Бундеслигата по единаесет одиграни кола. Баварците во саботата ја остварија деветата победа во првенството. На гостински терен во Келн славеа со 2: 1 против истоимениот домаќин кој ја продолжува лошата серија. Го претрпе шестиот последователен пораз.Домаќините поведоа во 28 минута со голот на Матиас Шерц, баварците израмнија на почетокот од второто полувреме со голот на Лусио. Михаел Балак на 16 минути пред крајот со глава му донесе три бода на неговиот тим.

Мечот во Келн заврши несреќно за напаѓачот на Баерн, Роке Санта Круз, кој во еден дуел заработи тешка повреда на коленото која ќе го одалечи најмалку пет месеци од фудбалските терени. Според последните информации тој најверојатно ќе мора да оди на опеарција во САД.

Шалке 04 сеуште не може да се опорави по катастрофалниот пораз од 6:0 во средата против Франкфурт , во рамки на куп натпреварите. Во дуелот против Хамбург минимално го доживеа пвиот пораз во првенството. Мехди Махдавикиа беше стрелец на единствениот гол за домаќините.

„Да беше многу важно за нас, што во првото полувреме постигнавме погодок. Тоа беше натпревар на два тима, кои играа офанзивно. Знаевме дека ќе биде еден резултатски тесен натпревар и дека ќе мораме да играме компактно во одбраната. Не дозволивме речиси нитуи една шанса за гол и тоа е многу важно„ рече Рафаел Вики од Хамбург

Голманот на Шалке 04 Франк Рост задоволен што неговиот тим помина само со еден гол во мрежата

„Ние во принцип можеме да бидеме задоволни, бидејќи не претрпевме потежок пораз„

Тимот на Мајнц во кој игра македонскиот интернационалец Николче Новевски оствари значајна, убедлива победа од 4:1 против фенерџијата Нирнберг и се одалечи од критичната зона на испаѓање од лигата. Најубавиот гол на мечот го постигна Антонио Да Силва кој од речиси половина терен успешно го лобуваше голманот на Нирнберг

Со идентичен резултат заврши и дуелот во Билефелд, помеѓу домаќинот Арминија и Хановер. Михаел Финк ги доведе домаќините во водство со голот во 48 секунда, кој е најбрз постигнат гол во историјата на клубот. Субисио Зума и на двапати Исак Боакје беа стрелци на головите за Арминија, единствениот гол за Хановер го псотигна Пар Мертесакер

„ Ова денеска беше конкурент кој сакавме да го победиме. Но сепак не разбравме како да играме фудбал за да го направиме тоа возможно„ изјави по натпреварот тренерот на Хановер Евалд Лиенен

Од останатите дуели, Вердер Бремен на домашен терен го прегази Ајнтрахт Франкфурт со 4:1, со што го задржи чекорот на табелата, со освоени 26, заостанува само два бода пред водечкиот Баерн. Штутгарт ремизираше против Херта Берлин 3:3. Борусија Дортмунд со 2:1 славеше против истоимениците од Менхенгладбах. Кајзерслаутерн ремизираше против Баер Леверкузен, 2:2. Дуизбург ја оствари втората победа сезонава во дуелот против Волфсбург, славеше минимално со 1:0