1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Воениот совет го скрати изборниот процес во Египет

2 јануари 2012

Под притисок на постојаните барања за забрзано предавање на власта на цивилна влада, египетската армија го скрати повеќемесечниот изборен процес.

https://p.dw.com/p/13cky
Фотографија: dapd

Владејачкиот Воен совет во Египет издаде декрет со кој треба да се забрза изборниот процес во земјата. Според декретот, изборите за горниот дом на парламентот - Шура, ќе се одржат во две наместо во три фази и ќе завршат на 22 февруари наместо на 12 март. Покрај тоа, Шурата ќе може да ја одржи конститутивната седница речиси еден месец порано, односно на 28 февруари. Двата дома на парламентот би можеле со тоа значително порано од планираното да започнат со работата на составување на новиот устав. Колкаво ќе биде вистинското влијание на пратениците во тој процес засега е нејасно. Наредната недела пак, ќе започне третата завршна рунда од гласањето на изборите за долниот дом на парламентот. Резултатите од досегашното гласање укажуваат на убедлива победа на исламистичката партија - Муслиманско братство.

Ägypten Kairo Muslimbrüder Parlament Wahlen
Резултатите од досегашното гласање укажуваат на убедлива победа на Муслиманското братствоФотографија: AP

Инаку, се очекува дека побрзото завршување на повеќестепениот изборен процес во Египет би можел да влијае смирувачки врз протестите во земјата против Воениот совет. 59 лица досега загинаа во судирите на крајот на ноември и во декември меѓу безбедносните сили и демонстрантите кои бараат војската итно да ја предаде власта на цивилна влада.

Автор:СН/ЕМФ/афп/ртр

Редактор: Жана Ацеска