Владата на Лета доби доверба, партијата на Берлсукони надвор
27 ноември 2013Италијанската влада доби доверба од 171 сенатор, додека против беа 135 сенатори. Гласањето за буџетот е дел од повеќе рунди гласање за т.н. Закон за стабилност кои следуваат и во текот на денешниот ден.
На само неколку часа пред да се гласа во Сенатот, партијата на Силвио Берлускони, Форца Италија, соопшти дека се повлекува од владејачката коалиција, потег што беше очекуван, но немаше последици по владата на Лета поради тоа што тој ја има поддршката од новоформираната партија на вицепремиерот Анџелино Алфано. Партијата на Алфано неодамна се отцепи од конзервативната партија на Берлускони.
Сенатот денеска (27.11) треба да гласа и за судбината на Силвио Берлсукони, односно за тоа дали ќе го исклучи екс-премиерот, кој е осуден за даночна измама. Се очекува мнозинството сенатори да гласа за исклучување на Берлсукони.