1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Високи казни за членови на Ал Каеда

ЖА/дв/ртре.дпа25 јануари 2013

Двајца осомничени терористи од Ал Каеда во Берлин се осудени на повеќегодишни казни затвор. Тие на Хиндукуш се бореле против ИСАФ-трупите, а планирале и напади во Германија.

https://p.dw.com/p/17Rab
Фотографија: picture-alliance/dpa

Судиите им изрекоа казна од девет години затвор на еден 27-годишен германски Турчин, а шест години затвор на сообвинетиот 23-годишен Австриец, роден во Авганистан.

Сојузното обвинителство има сознанија дека двајцата по обуката во 2009 година во камп на авганистанско-пакистанската граница учествувале и во борбите против меѓународните заштитни сили ИСАФ. Германецот освен тоа бил припадник на терористичката организација Германски талибански муџахедин и учествувал во подготвувањето на повеќе пропагандни видеа за групата.

Судиите немаа двојба во вината на обвинетите. Тие по обуката во логор на Ал Каеда во Пакистан, од Ал Каеда биле испратени назад во Германија, со цел да ја пренесат „светата војна-џихад“, во Европа. Притоа, од почеток било планирно извршување напади во Германија. Кај двајцата осудени не е забележана трага на каење и дистанцирање од терористичкото здружение на кое припаѓале, се вели во пресудата.При апсењето кај двајцата терористи биле пронајдени бризантни документи кои ги потврдуваат нивните врски со Ал Каеда.