1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Викинзите се враќаат

Герлинд Фолмер / Е.Милошевска Фиданоска22 јули 2012

Триесет метри долг воен брод на Викинзите со 60-член екипаж крстосува по Балтичкото море. Не станува збор за историски кошмар, ниту се снима филм. Тоа е најголемата парада на викиншки бродови во Европа!

https://p.dw.com/p/15YEs
Фотографија: AP

Се‘ е оригинал, дури и облеката и вреќите за пакување кои се отпорни на вода. Модерните Викинзи имаат додуша модерна спортска облека, но да веслаат мора како што тоа се правело пред илјада години - со полна сила.

Нивниот брод, Хавингстен, односно во превод Морско ждребе, изгледа како оригиналните викиншки бродови и направен е од дабово дрво. Научниците и занаетчиите цели четири години го реконструираа бродот со помош на стари техники.

Антон Енглерт, археолог за бродови, објаснува:

Flash Galerie Wikinger
Фотографија: Paul Moore - Fotolia

„Ова е голем воен брод, кој се користел за транспорт на војници, но претставува истовремено и статусен симбол, така да се каже средство за владеење.“

Кога Морското ждребе ќе стигнело на брегот, тоа најчесто значело проблем. Викинзите биле воинствен народ. Денес пак, на средбите на Викинзите во германската покраина Шлезвиг Холштајн владее одушевеност. Воодушевување владее и кај екипажот на бродот, кој има поминато многу работи.

Бродоградителот Сорен Нилсен е радосен:

„Го минавме Ирското море и се најдовме во прилично лоши временски услови. Но чувството дека се‘ мина добро, дека бродот беше доволно отпорен и дека екипажот го имаше бродот под контрола, е извонредно.“

По одморот на копно, екипажот повторно ќе се фати за веслата и ќе тргне на отворено море!