„Весела машина“ од која тече ракија
21 октомври 2017Реклама
Домашното производство на ракија е традиција во Србија, за која се верува дека потекнува од далечно време, уште пред доаѓањето на Турците. За некои денес тоа е и дополнителен извор на заработувачка, но за мнозинството - општествен настан, прилика за добро дружење, зашто околу казанот се собираат семејството, комшиите и пријателите.