1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Верувале или не: Лов на вештерки во 21. век

Шарлоте Милер
10 август 2020

Понекаде во светот и денес луѓе се обвинувани дека се вештери, ги прогонуваат и убиваат. Интернационалното католичко мисионерско друштво „мисио“ го прогласи 10 август за меѓународен ден против прогонување вештерки.

https://p.dw.com/p/3gj0i
BdT Walpurgisnacht in Großharthau Maifeuer Hexenverbrennung
Фотографија: picture alliance/dpa

Јерг Новак, портпарол на „Друштвото мисио" со години патува во земјите во кои организацијата има проектни партнери. Пред три години во Папуа Нова Гвинеја првпат чул дека постои прогон и дури и убиства поради вештерство. Оттогаш тој собира докази и фотографии на извршителите. Тој направил публикација која не можел да ја објави во Папуа Нова Гвинеја , зашто тоа би ги довело во опасност партнерските организации.

Болести, ненадејна смрт во семејството, лоша жетва, омраза, завист и лакомост, долга е листата на причини поради кои луѓе се обвинуваат за вештерство. Таа во изминатите неколку векови не е променета.

Јерг Новак објаснува: „Вештерки нема. Но, постојат обвинувања, стигматизирање чија цел е сатанизација и дискредитација на некои луѓе заради стекнување одредена погодност."

Лов на вештерки проблем и на денешницата

Во Европа прогонот на вештерки траел од 15. до 18. век. Меѓу 1560. и 1630. година била кулминацијата на прогонот кога, според историчарот Волфганг Берингер, професор на универзитетот во Сар, биле убиени меѓу 50.000 и 60.000 луѓе. Треба да се има на ум дека во тоа време ни големите градови како Келн и Хамбург немале повеќе од 40.000 жители.

Во 20 век во светот се убиени веројатно повеќе луѓе под обвинување дека се вештери отколку во 300 години европски прогон на вештерки.

Повеќе:

„Вештерки“ сѐ уште има

Фотографија на денот: Танцот на вештерките

Фотографија на денот: Вештерките од Тале

„Во Танзанија меѓу 1960. и 2000. година се убиени околу 40.000 луѓе обвинети за вештерство. Таков деликт не постои во танзаниските закони, но најчесто селските судови изрекувале смртни казни за одредени луѓе."

Бројот на жртви пред 1960. година не е познат. Берингер смета дека станува збор за самоволие. „Дојдов до заклучок дека проблемот со вештерки не е само историски, туку и проблем на денешницата."

„Вештеркини" деца од Конго

Во Танзанија од прогонот на вештерки најчесто се погодени луѓе со албинизам, зашто пости суеверие дека од некои делови од нивните тела можат да се добијат лековити препарати. Во Гана селски заедници сметаат дека раѓањето на дете со албинизам е последица на претходно вештерство. Во Конго т.н. „вештеркини" деца се изолираат.

Kongo | Internationaler Tag gegen Hexenwahn | Thérèse Mema Mapenzi
Тереза Мема Мапензи (лево) со жена - штитеничка на ЦентаротФотографија: missio

Тереза Мема Мапензи се грижи за тие деца во градот Букава, во источно Конго. Таа формирала Центар за жени силувани од припадниците на паравоени заедници. Нејзината организација е партнер на „мисио". Кога започнал да расте бројот на отфрлени деца таа почнала да зборува за лов на вештерки. Нејзината организација им помага на децата во залекувањето на траумите, во наоѓањето сместување во домовите за сираци и место во училиштата.

„Дознавме дека има повеќе случаи на силување деца, а семејствата притоа не сакале да ги прифатат. Во други случаи има вонбрачно родени деца кои треба да живеат со родител кој не ги прифаќа. Тие деца доаѓаат кај нас, често тепани до смрт, етикетирани како вештери. Боли кога гледаш вакво нешто. Постојано одново сме под шок кога гледаме вакви деца без никаква заштита. Како е можно ова?"

Тешка борба против манијата на прогон на вештерки

Во Конго често т.н. слободни цркви долеваат масло на огнот. За сида или неплодност на жени бараат виновници и ги наоѓаат во вештерки – жени и деца.

Цел на Центарот е да посредува во конфликти и да помогне во повторно спојување на семејства разорени поради обвинувања за вештерски практики. Понекогаш оваа организација успева со целосно трпение повторно да ги интегрира жените и децата во нивните семејства. Тоа трае две до три години, но не исклучува опасност жртвите повторно да бидат прогласени за вештерки.

Тереза Мема Мапензи и Јерг Новак се надеваат дека Меѓународниот ден на борба против прогони и обвинување за вештерство ќе ја зголеми свеста за овој акутен проблем.