1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Вердер се провлече

16 август 2007

Германскиот прволигаш Вредер од Бремен ги сочува шансите за пласман во Лигата на шампионите. Синоќа, во првиот натпревар, на домашен терен ја совлада екипата на Динамо од Загреб со 2 спрема 1:

https://p.dw.com/p/BUwG
Многу на број, малку способни за играФотографија: AP

Први во водство дојдоа гостите со голот на Бошко Балабан во последната минута од првото полувреме. Израмни Хуго Алмеида во првата минута од второто полувреме, а победата на домаќините им ја донесе Даниел Јансен на пет минути пред крајот на натпреварот. Тренерот на Вердер, Томас Шаф слабата игра на својата екипа ја бранеше со големиот број повредени играчи:

„Во моментов не може поинаку. Се наоѓаме во фаза во која сигурно не можеме на публиката да и прикажаме одлична игра, каква што често прикажувавме„.

Стрелецот на вториот гол Јансен:

„Се надевам дека ќе можеме да го подигнеме степенот на играта и дека во реваншот по 14 дена ќе бидеме подобри. Сите знаеме дека можеме да играме подобро„.