1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Венизелос и Филе разговарале за Македонија

СН/ЖА/миа23 јули 2013

Грчкото министерство за надворешни работи соопшти дека Македонија била една од темите во фокусот на средбата меѓу шефот на грчката дипломатија Евангелос Венизeлос и еврокомесарот за проширување Штефан Филе.

https://p.dw.com/p/19CAG
Фотографија: DW/P. Kouparanis

Грчкиот министер за надворешни работи Евангелос Венизелос (насловна фотографија) и еврокомесарот за проширување Штефан Филе вчера (22.07.2013) во Брисел разговарале за прашања поврзани со Западен Балкан, со посебен осврт на Македонија.

Ова, како што јави дописникот на македонската новинска агенција МИА од Атина, го соопшти грчкото МНР без да открие повеќе детали за средбата која се одржа на маргините на Советот за надворешни работи на Европската унија.

„ Венизелос и Филе разговараа за прашања од особен интерес за Грција и поконкретно за прашања поврзани со Западен Балкан, со посебен осврт на прашањето на Македонија, Србија и Косово, како и прашања во врска со Кипар и европската перспектива на Турција“, стои во соопштението.

Потпретседателот на грчката Влада и министер за надворешни работи Венизелос, вчера во Брисел се сретна и со шефот на македонската дипломатија Никола Попоски со кого „разговараа за прашања од заеднички интерес во рамките на познатите позиции на двете земји“.