1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Венизелос денеска во Скопје

БГ/миа20 февруари 2014

Шефот на грчката дипломатија денеска во Скопје ќе разговара со државното раководство во својство на претседавач со Советот на министрите на ЕУ.

https://p.dw.com/p/1BBsA
Фотографија: Reuters

Грчкиот заменик премиер и министер за надворешни работи Евангелос Венизелос, во рамките на неговата турнеја низ шест главни градови на земјите во Западен Балкан, денеска е во Скопје на средби со македонскиот државен врв.

Во својство на претседател на Советот на министри на ЕУ, Венизелос треба да се сретне со претседателот на државата Ѓорге Иванов, со премиерот Никола Груевски, со вицепремиерот за евроинтеграции Фатмир Бесими, со шефот на дипломатијата Никола Попоски, како и со лидерите на ДУИ, Али Ахмети и на СДСМ, Зоран Заев.

Венизелос пристигна во Скопје синоќа со автомобил од Приштина. Медиумите во Грција пишуваат дека и покрај тоа што грчката делегација патува со владиниот авион, во Скопје доаѓа со автомобил „за да не мора да слета на аеродромот кој се вика Александар Велики“.

Шефот на грчката дипломатија од Скопје ќе се врати во Приштина од каде што со авион ќе замине за Тирана.