1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Вашингтон ќе толерира легализација на канабис

АТ/ дпа/афп30 август 2013

„Legalize it" - старото барање на хипи конзументите на канабис станува реалност, барем во делови на САД. Вашингтон им дозволува на сојузните држави самите да одлучуваат за легализацијата на канабисот.

https://p.dw.com/p/19Z47
Фотографија: picture-alliance/dpa

Министерството за правда во Вашингтон соопшти дека нема да се спротистави на законските регулативи во однос на легализација на канабисот на сојузните држави. Со тоа Колорадо и Вашингтон (сојузната држава на североисток, не регионот на главниот град) можат да дозволат конзум на дрогата за сите граѓани над 21 година, без да мора да стравуваат дека ќе имаат проблеми со сојузните власти.

На референдум во овие две сојузни држави мнозинството граѓани се изјаснија за легализација на канабисот. Според тоа во Колорадо и во Вашингтон секој возрасен смее да поседува одредена количина марихуана и да одгледува канабис во одредена количина. Освен тоа „џоинтот“ треба да биде оданочен. Според американските сојузни закони марихуаната е нелегална дрога; одгледувањето и конзумот се забранети. Голем број сојузни држави меѓутоа со години прават исклучоци за медицински цели. Во Калифорнија во 2010. година пропадна обидот за легализација на марихуаната.

Во соопштение американското Министерство за правда нагласи дека од гувернерите во Колорадо и Вашингтон очекува да се зачуваат „строгите правила“, за канабисот да не падне во рацете на криминални банди или малолетни лица. Надлежните власти во двете сојузни држави дадоа уверувања дека ќе преземаат мерки против сите лица, кои ќе продаваат дрога на деца, ќе ја одгледуваат на јавни места или ќе ја произведуваат за трговски цели со другите сојузни држави или вон државните граници.

Cannabispflanze in den USA
Канабисот дозволен во одредени количиниФотографија: dapd

Иницијаторите на референдумите соопштението на Министерството за правда го оценија како „важен и историски чекор за крај на марихуана-прохибицијата“.

На крајот на јули Парламентот на Уругвај со одулуката за легализација на одгледувањето и продажбата на марихуана предизвика внимание. Доколку зелено светло даде и Сенатот во Монтевидео, оваа латинoамериканска земја би била првата држава во светот, која презема еден ваков чекор.

Марихуаната е т.н. психоактивна дрога, која делува на централниот нервен систем. Во однос на здравствените влијанија од конзумот во науката има различни толкувања.