1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Ван Баален: Ако Македонија е БЈРМ, Грција е Поранешна Отоманска Република

ЖА/ АТ/ миа/ макфакс 18 мај 2012

Холандски европратеник Јоханес ван Баален денеска порача, дека на меѓународната заедница не и е потребно ново име за државата. Според него за групата на евролибералите во ЕП името на Р. Македонија не претставува проблем.

https://p.dw.com/p/14xU2
Фотографија: VVD/public domain

Јоханес ван Баален, холандски европратеник од групата на либералите и демократите во Европскиот парламент и претседател на Либералната интернационала по средбата со шефот на македонската дипломатија, Никола Попоски изјави: „Вашето име е Македонија и ние ќе го користиме единствено само тоа. Тоа е став на нашата политичка група. Не можеме да кажеме дека Грција треба да го користи името Поранешна Отоманска Република како што ни вие не можете да го користите името ПЈРМ“.

На меѓународната заедница не и‘ треба дополнителен аргумент, затоа што сме убедени во позицијата на Македонија, и нам не ни треба ново име за државата. Останете конструктивни во НАТО и во ЕУ како што бевте и досега, порача европратеникот и претседател на Либералната интернационала, Јоханес Ван Баален, на прес-конференцијата во Скопје.

 Според него, потребно е започнување на преговорите за членство во Европската унија. „Ако Грција сака да биде позната како земја која кажува ’не’ на се’ тоа ќе биде лошо“, додаде Баален.

Министерот Попоски посочи дека целта е Македонија да стане полноправен член на НАТО, бидејќи тоа е заслужено и издржано, поради тоа што Македонија придонесува во мисиите и дополнително ја има хашката пресуда на своја страна.