1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Ваков студ немало со децении

ЖА/дв/дпа/афп23 декември 2012

Огромен студ, хаос во сообраќајот и речиси 200 загинати: острите декемвриски студови ја држат Европа цврсто во канџите. Следната недела мега-зимата ќе се помести кон запад.

https://p.dw.com/p/178CX
Фотографија: Reuters

Дури и Русите, навикнати на студ, стенкаат под рекордните ниски температури, какви немало со децении. Секојдневно замрзнуваат луѓе, а властите препорачуваат претпазливост: во Сибир Службата за цивилна заштита предупредува да не се тргнува на подолг пат со автомобил, зашто е ризично чекањето на помош при евентуален дефект или наноси на патот. Во Москва децата помали од три години при температури од минус 20 степени не треба да ги напуштаат домовите.

Температурата во Сибир деновиве се спушти до минус 57 степени целзиусови. Со јужносибирскиот дел, во Тува, е прогласена вонредна состојба. Поради замрзнатите мрежи илјадници луѓе останаа без струја, учениците се на принуден распуст. Во крајниот север на Сибир продавниците се отворени само по неколку часови, а жените се превезувани од работа дома на државен трошок, за да се избегне подолг престој на отворено.

Russland Winter
Реката Москва речиси целосно замрзнатаФотографија: AP

Временската комбинација, која не е доживеана уште од 1938 година, предизвика екстремен студ во Русија, а одзеде многу жртви. Според официјалните податоци, досега има 56 загинати, а стотици луѓе со тешки измрзнатини лежат во болници. Експертите стравуваат дека бројките се многу повисоки. Посебно бездомниците, се загреваат со огромни колични водка, што е уште поопасно, зашто замрзнуваат во спиење. Освен тоа, секојдневно умираат луѓе од труење со јаглен моноксид или од експлозии на гас, зашто се обидуваат да се затоплат на печки или отворени огнови.

Ukraine Winter
Фотографија: Sergei Supinsky/AFP/Getty Images

И соседната Украина е во канџите на „генералната зима“. Според министерството за здравство таму починале повеќе од 80 лица. Во многу региони на втората по големина по површина земја во Европа, снежните врнежи и мразот со денови предизвикуваат сообраќајки и хаос по патиштата.

Во Летонија исто така многу сообраќајници се замрзнати. За луѓето во ваква ситуација да не ги користат автомобилите, смеат бесплатно да се возат со јавниот сообраќај. Во соседната Литванија минатите недели починале шест лица, а во Полска во декември има 49 жртви на студот.