1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Буш ќе побара повеќе пари за војната во Ирак

4 февруари 2007

Американскиот претседател Џорџ Буш во говор пред конгресмените од редовите на противничките демократи зборуваше за неговата политика во Ирак за која планира да побара дополнителни финансиски средства.

https://p.dw.com/p/Adte
Џорџ Буш
Џорџ БушФотографија: AP

Администрацијата на Буш бара 100 милијарди долари за оваа, и уште дополнителни 145 милијарди за наредната година. Барањата во понеделник ќе бидат приложени заедно со пресметката за фискалната година. Во дополнителните пресметки за 2007 се вклучени околу 94 милијарди долари за министерството за одбрана. Џорџ Буш во говорот пред демократите во Вилијамсбург, Вирџинија нагласи дека подготвил планот за решавање на ситуацијата на теренот, по разговорите со преставниците од партиите и армијата:

„ Слушнав многу преставници тука. Исто така ги слушнав и членовите на мојата партија. Се консултирав и со армијата и дојдов до планот за кој генерално верувам дека има најдобри шанси за успех„ рече Буш

Наспроти тоа престедателот на Конгресот Ненси Пелози, од редовите на Демократите предупреди:

„Каков и да биде буџетот, одбраната ќе мора да биде оправдана. Деновите на бланко чекови на пример за војната во Ирак завршија„ рече претседаетлот на Конгресот

Белата Куќа предвидува трошоците за 2009 година да есе намалат на 50 милијарди долари. За периодот потоа не се предвидува финансирање заради надежта дека војната во Ирак ќе биде завршена. Инаку сите трошоци се наменети пред се за надомест на опремата која е уништена во Ирак и Авганистан

Џорџ Буш за време на говорот во Вилиамсбург ја предупреди ирачката влада на засилена борба против тероризмот и екстремистите во земјата кои секојдневно изведуваат крвави напади.

„ Мора да има успех не само на воено поле, туку и на политички план за ирачаните да го преземат водството во Багдад. Јасно им кажав на ирачките власти исто како и на амњериканскиот народ. Нашата заложба не е временски ограничена„

Црната бројка од последниот бомбашки напад на еден пазар во Багдад според последните информации изнесува 130 загинати и над 300 се повредени. Нападот беше изведен во делот од градот каде живее мнозинско шиитско население. Ирачкиот премиер Нури ал Малики изјави дека неговата влада ќе стори се за запирање на насилството во земјата.

Во меѓувреме сенаторот од редовите на Демократите, Хилари Клинтон изјави дека доколку биде избрана за претседател на САД ќе ја прекине војната во Ирак. Таа своевремено гласаше за војната во Ирак, но по кризата во земјата, стана жесток критичар на политиката на Џорџ Буш. Хилари Клинтон најави подготвеност за разговори со Иран и Сирија за смиување на ситуацијата на Блискиот Исток.