1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Буш: “Меѓународната заедница да ги даде ветените пари за Ирак“

19 јуни 2006

Американскиот претседател, Џорџ Буш, бара од меѓународната заедница да го исполни даденото ветување за 13 милијарди долари што би се намениле за обнова на Ирак. Буш, во неговиот неделен радио-говор уште еднаш потенцираше дека САД нема да го остават ирачкиот народ на цедило.

https://p.dw.com/p/Ae0m
Американскиот претседател, Џорџ Буш и ирачкиот премиер, Нури ал-Малики
Американскиот претседател, Џорџ Буш и ирачкиот премиер, Нури ал-МаликиФотографија: AP

Од 13-те милијарди долари за обнова на Ирак, колку што вети меѓународната заедница, досега се исплатени само три. Дел од земјите донатори стравуваат дека парите, наместо за обнова, ккао што е замислено, можеби ќе бидат употребени за безбедносните сили. Американскиот претседател, Џорџ Буш, во неделниот говор рече: “Ќе ги охрабриме другите нации да ги исполнат финансиските ветувања што ги дадоа за да и се помогне на ирачката влада. Ќе ги охрабриме напорите на ирачкиот премиер да бара нов меѓународен договор, со кој Ирак би направил серија чекори во политичката, економската и безбедносната сфера, а за возврат меѓународната

заедница ќе му даде на Ирак поголема поолитичка и економска поддршка.“

Американскиот претседател, како што тврди портпаролот на Белата куќа, Тони Сноу, во донесувањето на одлуката дали да бидат повлечени американските војници од Ирак нема да потпадне под влијание на истражувањата на јавното мислење. На претседателот му е јасно дека голем дел од населението е уморен од војната, сепак победата или поразот не можат да зависат од анкети, изјави Сноу.

Американскиот Конгрес, минататат недела, со мнозинство гласови на владеачките републиканци, го отфрли барањето на демократите за правење прецизен временски план за повлекување на силите од Ирак.

Во меѓувреме, и покрај големата безбедносна офанзива во и околу Багдад, во која се ангажирани десетици илјади припадници на безбедносните сили, во текот на викендот беа извршени повеќе напади во кои беа убиени најмалку 43 лица.