1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Буш го прифати планот на Петреус

14 септември 2007

*

https://p.dw.com/p/Bfw8

Американскиот претседател Џорџ Буш најави дека САД постепено ќе го намалат военото присуство во Ирак, но ја отфрли опцијата за целосно повлекување. Тој нагласи дека до крајот на годинава ќе бидат повлечени 5.700 војници, а уште 20.000 ќе заминат од Ирак до јули наредната година. Буш јасно стави на знаење дека делумното повлекување не значи и промена на американската стратегија во Ирак. Американските војници ќе треба да останат во Ирак и по крајот на неговиот мандат.

Пратениците на опозиционата Демократска партија во Конгресот одреагираа со критика на планот на Буш. Американските граѓани веќе од поодамна ја загубија довербата во политиката на Џорџ Буш што се однесува на Ирак, порача претседателката на Долниот дом, Ненси Пелоси.