1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Буш го предупредува Малики околу конструктивноста на Иран

10 август 2007

*

https://p.dw.com/p/BSwE

Американскиот претседател Џорџ Буш го предупредил ирачкиот премиер Нури Ал Малики да не биде премногу помирувачки настроен кон Иран, бидејќи таа земја е закана за стабилноста на Ирак. Малики кој е во посета на Техеран побара поддршка од Иран во справувањето со внатрешната криза.

„Ако Малики смета дека улогата на Иран е конструктивна, тогаш ќе морам искрено да поразговарам со мојот пријател,“ изјави Буш. Вашингтон го обвинува Иран дека ги поддржува и вооружува екстремистите во соседен Ирак. Техеран ги отфрла обвинувањата.