1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Буш во Софија ги повтори пораките од Тирана

11 јуни 2007

*

https://p.dw.com/p/AqTD

Американскиот претседател Џорџ Буш денеска во Софија повтори дека Косово треба да биде независно но и оти на Србија треба да и се понуди перспективата за интеграција во НАТО за да го прифати губењето на покраината.

Америка верува дека Косово мора да биде независно порача Буш во Бугарија инаку последна станица на неговата европска турнеја. Инаку по разговорите со бугарскиот претседателот Георги Прванов и премиерот Сергеј Станишев, американскиот Буш му се заблагорари на бугарското водство за ангажманот во Ирак и Авганистан. Во Софија америакснкиот претседател се заложи и за осолободување на бугарските медицински сестри, осудени на смрт во Либија. Во рамките на турнејата Буш ги посети и Чешка, Полска Италија и Албанија.