1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Буш бара шанса за стратегијата за Ирак

24 јануари 2007

Американскиот претседател Џорџ Буш во говорот за состојбата на нацијата апелираше до Конгресот да ја поддржи неговата нова стратегија за Ирак. Говорејќи за првпат пред новиот состав во Конгрес во кој неговите републиканци немаат мнозинство Буш ги уверуваше скептичните демократи дека најдобра шанса за успех во Ирак е испраќање на дополнителни 20 000 војници.

https://p.dw.com/p/Abzt
Џорџ Буш во убедувачка мисија
Џорџ Буш во убедувачка мисијаФотографија: ap

“Вечерва имам голема привилегија како прв претседател на САД говорот за состојбата на нацијата да го започнам со зборовите: госпоѓо претседателе“

Со овие зборови Џорџ Буш синоќа го започна говорот во Конгресот чиј претседател е демократот, Ненси Пелози. Буш ги уверуваше скептичните демократи кои се мнозинство во конгресот дека најдобра шанса за успех во Ирак е испраќање на дополнителни 20 000 војници:

"Нашата земја има нова стратегија за Ирак и барам од вас да и дадете шанса да успее. Барам да ги поддржите нашите сили на теренот и оние кои се на пат“

Според последните анкети Буш има само 33% поддршка и тешко му оди да го пренасочи вниманието на Американците врз домашните теми бидејќи во дебатата доминира Ирак. Затоа во овој говор Буш првично се осврна на економските теми и се обиде преку најави за подобрување на енергетскиот сектор да го сврти вниманието од жестоките критики врз него за политиката кон Ирак.

“ Вечерва барам од конгресот да ми се придружи во постигнувањето на големата цел. Заеднички можеме да постигнеме во наредните десет години да ја намалиме потребата за горива за 20%

За сметка на тоа треба да се развиваат алтернативните извори на горива. Тој побара и реформа на здравствениот сектор, зголемување на здравствената грижа за Американците и креирање на програма за привремени работни места за илегалните имигранти. Околу 47 милиони американци во моментов немаат здравствено осигурување.

Опозиционите демократи имаа забелешки на голем дел од предлозите на американскиот претседател. Сенаторот Џим Веб вели дека не слушнал ништо ново. На понудата за соработка на претседателот сенаторот изјави

“ Кога тој ќе ги следи нашите предлози тогаш ќе му се придружиме ,доколку не тогаш ќе му го покажеме патот

Преставниците на демократите од Вирџинија нагласија дека на САД и е потребна нова насока за Ирак.