1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Буш бара уште пари за Авганистан и Ирак

23 октомври 2007

*

https://p.dw.com/p/Bto1

Американскиот претседател Џорџ Буш побара од Конгресот дополнителни 46 милијадри долари за воените интервенции во Авганистан и Ирак. Тој ги повика Сенатот и конгресмените барањето да го одобрат до крајот на годината.

„На нашите трупи им треба помош и поддршка за да си ја завршат работата. Затоа од Конгресот барам дополнителна сума пари која за реализирање та таквата цел“, рече Буш. САД во моментов троши десет милијарди долари месечно само во Ирак.