1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Буши се сомнева дека и полицијата е вмешана во киднапирањето

4 јуни 2007

*

https://p.dw.com/p/Ao7N

Назиф Буши,заменик извршниот директор на МРТ, се сомнева дека и полицијата била замешана во неговото киднапирање извршено вчера. Ваквите сомневања, Буши ги изнесе на дешната прес конференција и изјави дека нема намера да се повлече од функцијата. Буши кој во петокот беше реизбран на заменичкото место, вчера беше киднапиран на наплатната рампа на автопатот Тетово Скопје. Заедно со уште две лица, четири часа бил држен во заложништво во село Кондово и од него се барало да поднесе оставка во МРТ. Подоцна биле ослободени.

Здружението на новинарите на Македонија го осуди инцидентот оценувајќи го како уште еден атак врз слободата на медиумите.