Бундесвер – процес
19 март 2007Реклама
Во судот во Минстер денеска почна процесот против 18 инструктори на германската армија, под обвинение дека измачувале регрути. Еден капетан и 17-мина подофицери се обвинети дека шиканирале и малтретирале воени обврзници при симулирани случаи на киднапирање. Случајот што беше откриен во 2004. година покрена јавна дискусија околу вкупната состојба во германската армија.